Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван го објави поширокиот список ракометари за престојното Европско првенство во Данска кое ќе се одржи од 12 до 26 јануар.
На претходниот континентален собир во Србија, „фалангата“ стигна до петтото место кој е највисок пласман на репрезентативците воопшто.
Две години подоцна репрезентацијата засилена со Ренато Вугринец и Немања Прибак треба да атакува на искачување барем едно скалило повеќе во европскиот ракометен крем.
Списокот на Обрван :
Голмани: Петар Ангелов (Вардар), Борко Ристовски (Гумерсбах), Никола Митревски (Металург), Стефан Кимевски (Металург)
Крила: Дејан Манасков (Металург), Гоце Ојлески (Металург), Владо Недановски (Вардар), Гоце Георгиевски (Металург), Владимир Темелков (Керјенг), Златко Мојсоски (Металург)
Пикери: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Металург), Ванчо Димовски (Металург), Игор Павловски (Зомимак)
Бекови: Наумче Мојсовски (Металург), Бранислав Ангеловски (Констанца), Филип Миркуловски (Металург), Филип Лазаров (Вардар), Кире Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Дејан Пецаковски (Металург), Немања Прибак (Вардар), Ренато Вугринец (Металург), Никола Стојчевски (Редбергслидс), Аце Јоноски (Металург), Велко Маркоски (Металург), Мите Стоилов (Вардар), Мартин Манасков (Металург).
Македонија во групата А на Европското првенство се наоѓа со домаќинот Данска, Чешка и Австрија.
Мх.П.