Ракометарот на Вардар, Немања Прибак и на Металург, Ренато Вугринец се најдоа на поширокиот список ракометари на селекторот Ивица Обрван за престојното Европското првенство во Данска пренесува „Екипа.мк“.
Со овие две засилувања на бековските позиции каде Македонија веќе ги има Кирил Лазаров, Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски „фалангата“ ќе биде далеку поопасна во нападот.
За потврдување на оваа информација за засилување на македонската ракометна репрезентација ќе почекаме до пресконференцијата на селекторот Обрван.
Македонија која на последното Европско првенство во Србија стигна до петтото место во групата се наоѓа со Данска, Чешка и Австрија.
Мх.П.