Македонската ракометна репрезентација претрпе висок пораз (35-24) на гостувањето во Франција во рамките од квалификациите за Европското првенство во Полска.


„Црвено жолтите“ немаа одговор за фуриозниот француски напад, кој со погодок ја казнуваше и најмалата грешка на Македонија.

– Франција уште еднаш ја покажа големата класа. Ние добро го отворивме мечот, но лошо продолживме што резултираше со голема негатива на полувремето. Во вториот дел се вративме во игра, а тогаш на сцена стапи Никола Карабатиќ, кој практично сам не победи. Овој пораз ништо не значи бидејќи пред нас се двата клучни дуели во кои немаме право на грешка. – рече селекторот Ивица Обрван.

И натурализираниот македонски репрезентативец Немања Прибак смета дека најдобриот светски ракометар Карабатиќ ја смени играта во вториот дел кога влезе од клупата.

– По неговото влегување во игра во вториот дел тој презеде се во своите раце и веднаш ја промени играта. Вистинско уживање е да се игра против французите кои повеќе наликуваат на дрим тим отколку на национална селекција. – потенцираше Прибак.

Ohridnews