Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван во Атина го следеше контролниот натпревар меѓу репрезентацијата противник во бараж средбите за мундијалот во Катар, Грција и Босна и Херцеговина. Гостите триумфираа 28-23, а селекторот научил многу од победата на босанците.
– Селекцијата на Босна и Херцеговина пред мои очи покажа треба да се одигра против репрезентацијата на Грција. Нашиот противник во бараж средбите за СП игра борбен ракомет и затоа мислам дека пристапот на нашата игра ќе биде еден од факторите, кој ќе одлучува – смета селекторот.
Хрватскиот стручњак свесен е дека на Македонија и припаѓа фаворитската улога во двомечот за учество на Светското првенство во Катар следната година.
– Во секој случај квалитетот е наша страна, ние сме фаворити, но никако не смее да ги потцениме и одиграме под нашето ниво тоа може скапо да не чини – додаде Обрван.
В недела селекторот уште еднаш ќе ја скенира селекцијата на Грција, која овој пат ќе игра како гостин против репрезентацијата на БиХ.
– Ќе го гледам и дуелот во Босна, кој ќе се одигра в недела и уште повеќе ја простудирам нивната игра. Мислам дека нема да имаат некои посериозни измени во составот за бараж средбите со нас што мене и на мојот стручен штаб ќе ја олесни работата околу подготовката нза мечот – заклучи селекторот на „црвено жолтите“.
Мх.П.