„Обредни народни носии“ е темата на годинашната Ревија на народни носии што ќе се одржи на 21 септември во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“.

Секој ревијалец-учесник на сцената треба да презентира една или повеќе народни носии со кои треба да ја опфати тематиката на овогодинешното издание „Обредни народни носии“, соопшти организаторот.

Пријавите со име и презиме на сопственикот на народните носии, опис на народните носии, од кои делови се составени носиите и неколку фотографии да се испратат на e-mail: [email protected] најдоцна до 15 овој месец.

Ревијата на народни носии во Струга е со долгогодишна традиција, која по пауза од седум години, пред четири години беше возобновена од КУД „Илинден“.

OhridNews