Жените кои завршиле факултет почесто конзумираат алкохол од помалку образованите, покажало едно истражување во кое учествувале повеќе илјади испитанички. Покрај тоа што почсето пијат, повеќе од нив се спремни да признаат дека имаат проблеми со алкохолот. Исто и кај мажите е сличен степенот на образование со конзумирањето алкохол, но разликата не е толку изразена.
Според ова истражување, можно е и на основа на училишните тестови на најмала возраст да се предвиди конзумирањето алкохол кај жените. Имено, девојчињата кои имаат одличен резултат имаат два пати поголема веројатност во четвртата деценија од својот живот секојдневно да конзумираат алкохол.