Денеска во Универзитетскиот Конгресен центар во Охрид ќе биде отворен 10-oт Меѓународен Конгрес за образование на тема: „Образованието и глобализацијата“.

Овој дводневен научен собир го организира Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје, заедно со Педагошкиот факултет од Тракискиот Универзитет во Едрине, Турција, Педагошкиот факултет од Тракискиот Универзитет од Стара Загора, Бугарија и Учителскиот факултет од Универзитетот во Загреб, Хрватска.

На учесниците на конгресот ќе им се обрати Ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ проф. д-р Велимир Стојковски.

Во рамки на Конгресот на 20-ти септември во Скопје ќе се одржи Меѓународна научна конференција од полето на физичкото образование на тема „Основи на моторичката писменост во раниот детски развој“.

OhridNews