– Не поскапуваат учебниците бидејќи се користат резервите на стари учебници. Идната година ќе има нови учебници за прво, второ и трето одделение. Сега издавачите ги празнат магацините – велат по книжарниците.
За тетратки, моливи, гуми, блокови, боици и други помагала ќе треба да се издвои сума од најмалку 600 денари. Оваа бројка може да е двојно поголема за повозрасните ученици. Цената на географските атласи се движи околу 500 денари, додека историскиот атлас чини 800 денари. Од 500 до 700 денари се стандардните речници за странски јазици со фонд од
100.000 збора. Цената на ранците оди и до 3.000 денари.
Годинава ќе има две групи првачиња – ученици што лани посетувале подготвителна настава и ученици што првпат годинава тргнуваат на училиште. Дечињата што првпат седнуваат во училишните клупи ќе користат учебници дури во второто полугодие.
Првите четири месеци се предвидени за социјализација, а во секоја од училниците ќе има по седум постери, кои наставничките ќе ги користат за да ги запознаат учениците со секојдневните обврски.
Учениците што лани посетуваа подготвителна настава ќе користат учебници за прво одделение што ги користеле и претходните генерации првачиња.
Овие ученици од наредниот септември ќе бидат трето одделение и ќе се вклучат во деветтолетка.