Учениците од второ одделение според наставната програма по Кембриџ, меѓу другото, учат како да направат струјно коло. Ова ги збуни родителите, кои велат дека мака мачат на децата кои се уште целосно не ги совладале основите на читањето и пишувањето да им ја објаснат оваа за нив сложена тема.
-Парадокс е учениците во второ одделение кога уште не ги научиле сите букви да читаат, по Кембриџ да учат како да направат струјно коло. – велат родители.
Инаку според старата образовна програма, оваа лекција основците ја совладуваа во 8-мо, односно 9-то одделение.
Воведувањето на Кембриџ во образовниот систем предизвика бројни полемики и реакции во стручната јавност и меѓу граѓаните.
OhridNews