2013“, на која како гости предавач ќе учествува и најуспешниот европски
тренер Жељко Обрадовиќ.
Настанот во соработка со Македонскиот олимписки комитет (МОК) го
организира Македонската кошаркарска федерација (МКФ), на него покрај
Обрадовиќ ќе учествува неговиот долгогодишен асистент Димитриос Итудис, а
свои предавања со демонстрации ќе одржи и потпретседателот на
Младинската комисија на ФИБА Европа и претседател на Стручниот совет на
Кошаркарската федерација на Словенија, Антон Крумп.
„Во тесна соработка со МКФ, разгледувајќи ги сите опции и стратегии, се
фокусиравме на обуката на експертскиот кадар, односно тренерите и за таа
цел се обидовме да најдеме некои од најеминентните имиња во светот.
Успеавме да креираме една Олимписка Клиника, која ќе ја води веројатно
најпознатиот светски експерт, Жељко Обрадовиќ. Настанот е реализиран и
со заедничка комуникација и координација со ФИБА и ИОК, кои го
поздравија и дадоа највисоки оцени“,изјави Генералниот секретар на МОК,
Сашо Поповски.
„Жељко Обрадовиќ, кого добро сите го знаеме како најеминентниот,
најдобриот и најуспешниот тренер во Европа ќе се фокусира на
техничко-тактички детали и начин на работа на тренерите, потоа Димитриос
Итудис, неговиот долгогодишен асистент е еден од најдобрите тактичари и
признаен познавач на методологија при поставување на систем на работа
со екипа. Антон Крумп е извонредно тренерско име, исклучително значаен
за европската кошарка и човек од кого очекуваме уште поконкретна помош
во организација и функционирање на една тренерска асоцијација, во
контекст на постојано унапредување. Еден од сегментите кој сериозно ќе
биде опфатен, а е особено важен е и фазата на селектирање на млади
кошаркари, односно сегментот на пред-селекција и селекција“, рече
генералниот секретар на МКФ, Дејан Лекиќ.
Тренерската Клиника ќе се одржи во салата „Билјанини Извори“ во Охрид на
15. и 16. јуни, а предавањата ќе траат од 10.00 до 16.00 часот.
Најавено е присуството на преку 100 тренери во нашата земја, заедно со
повеќемина гости од други земји во Европа, но и надвор од неа, што дава
меѓународен карактер на престижниот настан, веќе присутен и во
календарот на ФИБА и ИОК.
„Макфакс“