Освојувачот на осум европски титули со три различни екипи, Жељко Обрадовиќ неговиот помошник од Панатинаикос,  Димитриос Итудис и словенската кошаркаркарска легенда Антон Крумп ги одржаа првите часови на „Тренерската Клиника“, која се одвива викендов во Охрид.

Помошникот на српскиот стратег Итудис демонстрираше како се загреваат кошаркарите, како се достигнува нивната максимална подготвеност и неколку фази во нападот.

На сцена потоа стапи Обрадовиќ, кој го одработуваше нападот „пик енд рол“. Тој на присутните тренери од целата Македонија и Балканот им го презентираше овој напад како може од него да се направат уште многу повеќе опции во него. Обрадовиќ нападот го презентираше со репрезентативците на Македонија до 18 години, кои беа воодушевени од можноста да работат со Србинот.


Антон Крумп на видео бим имаше презентација за лиценцирање и водење на екипи од најмалите до сениорските категории како и што треба еден тренер да помине во Словенија за да достигне до А лицена.

По завршување на првиот ден од „Тренерската клинка“ пристуните во салата „Билјанини Извори“ имаа можност да слики и разменување на искуства со најдобриот европски стратег, Обрадовиќ.

Мх.П.