Обожавателите на Џим Морисон, пејачот на бендот “The Doors”, започнале петиција во обид да го сочуваат неговиот дом во Њу Мексико. Обожавателите сакаат куќата во која Морисон живеел како момче да се прогласи за историско место и да се стави на листата туристички атракции на Албукерки. фановите тврдат дека градот би требало да му се оддолжи на една од иконите на рокенролот.
Музичарот во Албукерки живеел од својата 12 до 14 година, додека неговиот татко бил стациониран во воената база Киртленд. Во својата биографија Морисон пишувал за сообраќајна несреќа во која насрадало семејство американски индијанци. Несреќата најверојатно се случила во Њу Мексико и имала трајно влијание на песните и поезијата на музичарот. Починал во 1971 година во Париз.