Стотици обожаватели на Мадона го напуштија нејзиниот концерт 30 минути пред завршетокот иако тоа беше првиот настап на популарната пејачка во Лондон по четири години.
Фановите биле разочарани од лошиот избор на песни, лошото озвучување, но и скапите влезници за кои некои посетители издвоиле дури до 850 фунти.
Најголема забелешка било тоа што фановите не можеле да ги распознаат 90 проценти од песните поради лошиот квалитет на звукот но и лошата изведба.
Единствено нешто што ги задржало обожавателите е фактот што Мадона се потрудила за сценскиот настап па извела “стриптиз шоу” но и тоа не било доволно да го поправи лошиот впечаток.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com