Голем број обожаватели го пречекаа харизматичниот пејач Боби Мојсовски пред стоматолошката ординација „Попоски“ во Охрид која се грижи за оралното здравје на ѕвездата од регионалното музичко шоу “X – Factor”.
Боби трпеливо им ги исполнуваше желбите на младите фанови, делеше автограми и се фотографираше со нив, пред да се упати во ординацијата на стоматологот Д-р Наташа Попоска Карче.
-Боби е наш редовен пациент и се грижи за својата насмевка.-изјави Д-р Попоска Карче.
Боби рече дека често го контролира своето орално здравје и нема страв од стоматолог. Топлиот пречек од обожавателите вели дека му годи, па не пропушти уште еднаш јавно да им се заблагодари за поддршката која ја доби на “X Factor Adria”.
-Се наежувам кога ќе помислам дека добив толкава поддршка со која успеав во конкуренција на 12500 кандидати да стигнам до второто место. Да бидеме реални без разлика колку добро пееш доколку немаш поддршка немаше да освојам толку високо место и сега на некој начин чувствувам одговорност за таа поддршка да им возвратам со многу љубов.-изјави Боби Мојсовски.
Вели дека по завршување на шоуто добил многу понуди за соработка од познати музички композитори, но во моментов не може да изнесе повеќе детали за идните проекти. Летово го очекуваат бројни ангажмани, а Боби се надева дека ќе успее да ги израдува своите фанови во Охрид со концерт.
OhridNews