Двајца германци уништиле 400.000 евра вреден автомобил на пробно возење. Прототипот на „Veritas RS III“ го изработила германската компанија „Vemot AG“ и бил изложен во авто салонот во Моенхенгбланк во Германија.
Но Мартин Холтз (44) и Фредерик Волтер (53) не се задоволиле само со гледање на „ѕверот“ чиј V8 мотор забрзува од 0 до 100 за само 3,2 секунди. Успеале да го наговорат шефот на гаражата да им даде еден круг. Веднаш по тргнувањето несреќната двојка ја прецениле нивната возачка способност и се удриле во електричен столб.