Риалити ѕвездата Кајли Џенер се најде на мета на пореметен обожавател, кој полицијата после апсењето го спроведе во психијатриска болница. Имено, пред два дена полицијата уапси неименуван маж во близина на куќата на Кајли Џенер додека се обидувал да провали во домот на младата ѕвезда. За среќа, нејзиното обезбедување на време го забележа и го спречи да се приближи на најмладиот член на кланот Кардашиан-Џенер, по што повикаа полиција.
Исто така американскиот портал “TMZ” пренесува дека станува збор за лице кое од претходно е познато на обезбедувањето на младата ѕвезда, односно човекот бил виден веќе десетина пати како ѕирка преку оградата или се обидува да најде пристап до куќата. После апсењето, полицијата го одведе човекот на одделение во најблиската психијатриска болница.