Во Канада, поточно во провинцијата Британска Колумбија која е популарна туристичка дестинација, непознати лица извеле многу бизарен потфат и ја обоиле реката Голдстрим со флуоресцентна зелена боја. Зошто е реката зелена било мистерија се додека тестовите не откриле дека станува збор за флуоресцин, кој е штетен по здравјето на човекот.


Иако ова се случило пред три седмици, сторителите сеуште не биле пронајдени. Реката била обоена само неколку часа, а бојата не им штетела на рибите бидејќи била нетоксична. Тајсон Елдер ја снимил реката, а видеото го објавил на Ју Тјуб. До сега го погледнале околу еден милион луѓе.