Зоолошката градина во Газа претворил едно магаре во зебра за да можат локалните деца да научат за тој вид животно. Сопственикот Марах Ланда го излепил магарето со лента, а остатокот го обоил со боја за коса. Вели дека за да набави зебра од криумчарите на животни би му требале околу 25 илјади евра.
Децата не знаеле дека станува збор за магариња и многу се радувале на новите животни. Соственикот рекол дека сите останати животни, меѓу кои и тигри и мајмуни, ги набавил од криумчарите. Имал и две зебри, но тие умреле од глад за време на израелските напади. ограничувањата за увоз на животни во Газа е дел од израелската економска блокада.