Охридскиот ракометен состав претрпе пораз 33-28 (15-11) од неприкосновениот во Супер лигата, Зомимак во „Билјанини Извори“.
Гостинските ракометари со серија 6-0 го отворија мечот и веднаш наговестија дека во Охрид се дојдени по трите бодови.
До крајот на првиот дел „сините“ со мини серии успеаја да се вратат во игра и на полувреме да заминат со -4 (15-11).
Струмичани на стартот од вториот дел одновно направија серија овој пат со 5-0 и ги отпишаа ракометарите на Охрид од поволен резултат.
Охриѓани во 13-та рунда од Супер лигата во Радовиш против истоимената екипа го играат клучниот натпревар сезонава.
Р.К. Охрид : Пецаков (1 одбрана), Костески (4 одбрани), Колев (9 одбрани), Вешоски 4, Андоновски 1, Б. Белевски 4, Николиќ, Наумоски, Трифуноски 9, Тасески 5, Поп-Стефанија 1, Соколов 3, Трајчески, В. Белевски 1, Печенковски.
Р.К. Зомимак : Стојаноски (1 одбрана), Трајкоски (14 одбрани), Атанасов, Павловски 3, Младеновски 1, Наков, Милосавлевиќ 8, Босеовски 5, Василев, Чантурија 6, Везенкоски 5, Пецаковски 5.
Мх.П.