01:35 Првиот земјотрес со јачина од 3,7 степени според Европската макросеизмичка скала регистриран е вечерва 32 минути по полноќ во Охридско-преспанскиот регион.
Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил 22 километри југоисточно од Охрид, односно 16 километри јужно од Ресен, на длабочина од 6 километри.
Еден час подоцна, во 01:31 часот, во истото епицентрално подрачје регистриран е уште еден потрес со јачина од 3,1 степен.
Земјотресите се почувствувани во Охрид и околните населени места.
Г.М.