Земјотрес со јачина од 3,5 степени по Рихтер попладнево е почувствуван во околината на Скопје.

Според Европскиот макросеизмички центар, епицентарот на земјотресот од 14.09 часот бил на оддалеченост од осум километри од Скопје, на длабочина од 2 километера.

Земјотресот е почувствуван и во Косово и Србија.

По овој земјорес во Скопје уште еден со послаб интензитет.

Освен вознемиреност кај населението, земјотресот не предизвикал други штети.

OhridNews