Во с.Долно Лакочереј заврши инсталацијата на две нови пумпи, информира Водовод Охрид.

Во 14 часот во целост е завршена работата во с. Долно Лакочереј. Монтирани се нови пумпи, повторно е вклучено снабдувањето со електрична енергија кое беше прекинато поради неплатени сметки во период од повеќе години, а со тоа овозможено е дотур на вода од бушотина како припомош на резервоарската количина. Со тоа проблемот со водоснабдувањето кој беше актуелен во минатиот период е делумно решен. Останува во наредниот период екипите на Водовод Охрид целосно да извршат отстранување на дивите приклучоци кои беа и се голем проблем за водоснабдувањето. – изјави директорот на МЈП Проаква – Водовод Охрид Владимир Алексиески.

Одговарајќи на критиките упатени на прес конференцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ, денеска, Алексиески истакна дека за разлика од некои кои се грижат само што повеке да критикуваат и оцрнуваат, екипите на Водовод Охрид 24 часа се на терен како би се справиле со проблемите кои години наназад се таложеле.

OhridNews