Зад затворени врати започна состанокот на преставниците на ВМРО- ДМПНЕ и на СДСМ со европаратанците Кукан, Вајгел и Ховит, за решавање на политичката криза во нашата држава. Во улога на набљудувач е и претставникот на Европската Комисија Дејвид Кулен, задолжен за досието Македонија.

Денот започна со одделни средби на тројката европски пратеници со претставниците на СДСМ, Радмила Шеќеринска, Рената Десковска и Виктор Габер, по што следеше и состанок со претставниците на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски.

Според тоа што може досега да се знае, Европската тројка денеска нема да понуди решение, тие ќе ги ислушаат ставовите на двете политицки сили и ќе се обидат на заедничка маса да ги доближат ставовите, се со цел опозицијата да се врати во Собранието, да профункционираат институциите на системот и да се стави крај на политичката криза.

Се очекува состанокот да трае до доцна попладне. Доколку првата рунда преговори не успее, се најавуваа нов состанок кој би се одржал по Велигденските празници.

 

OhridNews

извор МРТВ