Во расправија која се случила попладнево во центарот на Охрид бил нападнат поранешен висок општински функционер.
Според неофицијални информации од очевидци, во инцидентот имало закани со оружје.
Засега надлежните институции официјално не откриваат детали за инцидентот, а не се соопштува ниту идентитетот на инволвираните во него, но неофицијално се дознава дека на местото на настанот бил поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески.
На местото на инцидентот извршен е увид од полициски службеници во присуство на Јавен обвинител.
Повеќе информации за инцидентот се очекуваат во тек на утрешниот ден.
OhridNews