Снежниот бран што денеска ја зафати земјава, повторно предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот.
На планинскиот превој Стража голем број возила, камиони и автобуси се заглавени, формирана е колона од двете страни, а движењето се одвива крајно отежнато.
Ништо подобра состојбата не е ниту на планинскиот премин Пресека. И таму снегот предизвикува застои во сообраќајот. На коловозот има заглавени товарни возила, кои го попречуваат патот на останатите учесници во сообраќајот.
Граѓаните кои попладнево патуваат од и кон Охрид, велат дека на коловозот има дваесетина сантиметри снег и дека надлежните не го исчистиле. Додаваат дека тоа ги доведува во опасност учесниците на сообраќајот, кои мора да минат уште една авантури, како и на неколку наврати претходно во текот на зимата, кога исто така поради потфрлање на надлежните служби за одржување на јавните патишта заглавуваа патници и возила на превоите низ земјава.
Г.М./Е.М.