Сите шест лица кои се наоѓале во хеликоптерот на служба за спасување кој падна во италијанскиот регион Абруцо загинале, објави полициската управа на Аквила, пренесува „Макфакс“.

„Загинаа шест лица. Спасувачките екипи кои стигнале од остатоците од леталото ги прoнашле на повеќе места во снегот телата на загинатите“, изјави портпаролот на полицијата.

Урнатиот хеликоптер бил во мисија на евакуација на едно повредено лице на скијачките патики Кампо Феличе и не бил вклучен во спасувањето по големите снежни врнежи минатата седмица, земјотресот и смртоносната лавина во средата во истата област.

„Падна хеликоптер со шест лица. Летал во помош на скијачки терен. Не е поврзано со лавината, ниту со земјотресот“, изјави претходно портпаролот на полициската управа.
Екипажот на хеликоптерот испратил сигнал дека паѓа и сведоците изјавиле дека слушнале силна експлозија.

Во задачите од овој тип спасувачки хеликоптер кој се одѕива на телефонскиот број 118 учествува екипа од пет лица – два пилота, лекар, медицинска сестра и планински спасувач со алпинистичка обука.

OhridNews
извор: „Макфакс“