Претседателот на Словенија Борут Пахор, сепак не обезбеди втор петгодишен мандат на денешните претседателски избори во првиот круг, јавуваат словенечките медиуми, повикувајќи се на податоците од 90% од преброените гласови.

Пахор освоил 47 проценти од гласовите, пред градоначалникот на Камник, Марјан Шарец кој добил речиси 25 проценти.

На изборите учествуваа вкупно девет кандидати меѓу кои пет жени.

OhridNews