На неодмна оддржаниот трет Државен натпревар на млади музичари во Скопје, во конкуренција од вкупно 731 кандидат, во категориите пијано, виолина, гитара и солфеж младите музички таленти од Основното музичко училиште “Методи Патче“ ги освоија највисоките 23 награди- 16 први, од кои 2 специјални, 5 втори и 2 трети награди.

Во категоријата гитара, наградени се Никола Каневче  – I награда, Татјана Ѓорѓиеска – I награда и Марко Лазороски- II награда, во класата на проф. Александар Крстаноски.


Анастасија Милеска


Дамјан Милески

Даниел Мојсоски – во класа на проф. Елица Џуклеска ја освои првата награда во категоријата виолина. Во истата категорија наградени се и Димитар Гаврилоски – I награда класа проф. Кирил Белистојаноски, Петар Милески- I награда  класа проф. Христина Пецаковска Николеска и Бајрам Рамаданоски – II награда класа проф. Мухамед Бајрам.

Дејан Милевски

Петар Милевски

Високи награди отидоа и во рацете на учениците кои се натпреваруваа во категоријата пијано.  Ивона Базгалоска освои I специјална  награда, Искра Атанасова – Митуш –  I  награда, Климент Ѓорѓиоски – I  награда, Еда Шазиман во класа на проф. Даниел Чуркоски  II   награда. Дамјан Милески во класа на проф. Ана Булоска Рилкоска  I  награда. Огнен Секулоски – II награда, Марија Филоска – III награда и Анастасија Филоска во класа на проф. Емилија Маринова- III награда.

Бројни награди освоија и учениците кои се натпреваруваа во категоријата солфеж. Даниел Мојсоски –   I награда, Огнен Секулоски  –  I  награда класа проф. Петар Булоски, Емилија Наумоска-   I  специјална награда, Мила Тренеска-   I  награда, Ангел Дулески –   I  награда, Катерина Маркоска-   I  награда, Анастасија Андрееска-  I  награда и Ана Димоска-   II  награда  класа проф. Лилјана Булоска.

Навистина се гордееме со нашите млади музички таленти, бидејки од  година во година се се поуспешни. Тоа се должи на нивниот музички талент, ентузијазмот и стручноста на нашиот музички кадар во училиштето и секако поддршката на семејството како и финансиската помош од Локалната самоуправа, нагласува директорката на ОМУ „Методи Патче“, Нина Момировска.

OhridNews