19:10 Во извонреден амбиент во салата „Билјанини извори“, попладнево Охрид го совлада Тиквеш 22:21, полувреме 12:13, во директна пресметка за 4 место на табелата кое води во Европа.
Охрид добро го отвори мечот. Поведе со 2:0, на што кавадарчани возвратрија со иста мера. Оттогаш се играше гол за гол. Во 16 минута Тиквеш го презеде водството, но брзо тоа се врати во посед на домаќинот, се до финишот, во кој гостите беа поумешни и посмирени и успеаја со минимална предност да заминат на полувреме.
Во вториот се играше уште потврдо, со цврсти одбрани, што резултираше со повеќе нереализирани напади на двете страни. Охрид успеа да го врати водството, но не и да се одлепи. Тиквеш постојано следеше и беше во игра.
При резултат 19:19 двете екипи имаа серија промашувања. Времето изминуваше, нервозата лебдеше во воздухот, а публиката беше на нозе. Во котелот на „Билјанини извори“ повеќе нерви во финишот имаше Охрид на чиј гол беше супер расположениот Миленковиќ кој оствари 11 одбрани. Во клучните моменти „гладијаторите“ успеаја да реализираат напад за 22:21, а последниот атак на Тиквеш беше успешно запрен за големо славје на две и пол илјадната охридска публика.
Статистика:
Исклучувања: 8 мин.7м. 5:5
Исклуувања: 6мин.
7м. 5:4
Натпреварот се одигра во убав амбиент, а посебен шмек му дадоа навивачките групи на двата тима, Рибари и Лозари, кои беа во свој елемент.
Вредна победа на ГРК над ГРК Тиквеш во битка за 4-то место во Супер лигата
До крајот на плеј-офот остануваат уште 4 кола, во кои ќе ја добиеме финалната разврска во неизвесната и интересна сезона 2022/23 во ракометната Супер лига.
Г.М.
Фото: А. Момироска