ГФК Охрид Лихнидос оствари победа во натпреварот со Гостивар во рамки на вонредното 14-то коло во Втората фудбалска лига Запад.

Охридските бели на СРЦ „Билјанини Извори“ забележаа победа 4:2 (2:2). Гостиварци постигнаа еден автогол, а во мрежата на гостите успешно стрелаа уште Мазари, Цуцули и Рамадани.

Второпласираниот тим на табелата, Воска Спорт, забележа важна победа на госувањето во Велешта. Во регионалното дерби Воска славеше со 1:2 со головите на Емини (11) и Вељаноски (68).

Со оваа победа ГФК Охрид Лихнидос се искачи од 9 на 7 место со 14 бода, додека Воска Спорт и натаму е второпласирана со 29 бода, 9 помалку од водечкиот Силекс.

Во следното коло, на 11 декември, Воска ја пречекува Беса, а Охрид во Дебар му гостува на Кораб.

OhridNews