Вооружен тинејџер отворил оган кон група луѓе во финскиот град Хивинка, на 50 километри северно од престолнината Хелсинки, при што смртно била застрелана 18-годишна девојка. Во нападот биле ранети  уште осум лица, а едно одв кое било во критична состојба им подлегнало на повредите.
Напаѓачот избегал од местото на настанот, но како што јавуваат финските медиуми, тој утрово бил пронајден и приведен од полицијата.
Мотивите за нападот засега се непознати.
OhridNews