Од СВР Охрид соопштија детали околу сообраќајната незгода која се случи синоќа околу 22 часот на регионалниот патен правец Охрид- Свети Наум.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во незгодата учествувало едно патничко моторно возило „ Мазда“ со охридски регистарски таблици, чиј возач при вклучувањето од споредниот пат кај Инекс Горица на регионалниот пат, изгубил контрола врз возилото и тоа удрило во електричен столб.
При тоа со полесни повреди се здобила 34- годишната сопатничка која веднаш била пренесена во Општата болница, а по извршени прегледи е пуштена на домашно лекување.
По извршено алкотестирање кај возачот утврдено било дека е под дејство на алкохол, односно биле измерени 1,88 промили алкохол во крвта. Возачот веднаш е исклучен од сообраќај, одземена му е сообраќајната дозвола, а против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.
OhridNews