Од МВР со повеќе детали за сообраќајната незгода што се случи вчера во 17.10 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ботун.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „Форд Ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 29-годишно лице од село Требош, товарно моторно возило „Ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од 63-годишно лице од Куманово и патничко возило „Пежо 208“ со скопки регистарски ознаки, управувано од 32-годишно лице од струшкото село Враништа.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот од Враништа кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде му била укажана лекарска помош. Претходно, вчера, СВР Охрид соопшти дека во незгодата со повреди се здобиле две лица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews

Двајца повредени во сообраќајка кај Ботун