Вечерва, со почеток во 19.00 часот ќе биде организиран првиот од низата настани за помош на Сара, која боледува од апластична анемија, во ОУ „Григор Прличев“- хуманитарна Halloween забава во училишната спортска сала. Влезот ќе чини 100 денари, а исто така ќе биде поставена и донаторска кутија.

Исто така, вработените и учениците во основното училиште „Григор Прличев“, во среда со почеток во 16.30 часот ќе одржат хуманитарен настан за помош на 15-годишната Сара Настеска.
Истовремено ќе се одржат две продажни хуманитарни акции- Наставниците за Сара и Школските другари за Сара! Станува збор за продажни акции на кои наставниците ќе ги продаваат своите подготвени производи, а учениците своите омилени предмети. Во рамки на настанот ќе има и музички дел во кој ќе настапат хорот и оркестарот при училиштето.
ОУ „ Григор Прличев“ е училиштето во кое 15-годишната Сара Настеска го стекна своето основно образование и училиште во кое учи нејзиниот брат. Се покануваат сите граѓани на Охрид да дојдат на вечерашната забава, но и да земат учество на продажната акција со свои креативни дела, со цел да се покаже дека хуманоста и другарството немаат граници, велат организаторите.

OhridNews