Граѓаните на Охрид денеска осми пат избираат Градоначалник, а седми пат членови на градскиот совет.

Гласањето до овој момент тече без проблеми, со одредени технички потешкотии со биометриските апарати кои ги отстранува IT екипа.

Според податоците на Државната изборна комисија, до 13 часот правото на глас во Општина Охрид го искористиле 12 509 граѓани, или 23,86 проценти.

Излезноста во Општина Дебрца до 13 часот е 29,65 %, 1289  граѓани.

Во Општина Дебрца гласањето тече во сите изборни места со помали технички проблеми коишто се решаваат веднаш на терен. Прекин во гласањето од 2 часа поради техничка грешка во биометрискиот уред имаше на едно ИМ 1315 во Ново Село и по решавањето на проблемот гласањето продложи. Гласањето на ова избирачко место ќе биде продолжено за два часа. – велат од ОИК Дебрца.

Во Општина Струга излезноста до 13 часот е 17,50%, 10 741 гласач, а во Вевчани 34,23%, 710 гласачи.

OhridNews