Како што јавуваат светските медиуми поголем дел од Кина денеска е зафатен од студен бран, кој не е забележан во последните 30 години. Во некои делови од земјата падна снег првпат по повеќе години, поради што се откажани авионски летови, а многумина биле принудени да останат во своите домови.
Портокалов степен на тревога е прогласен ширум земјата, бидејќи според прогнозите, температурата се очекува да се спушти на 41 степен под нулата во некои области, соопшти Националниот метеоролошки центар.
Најзагрозен од студот е северниот дел на Кина, посебно внатрешноста на Монголија.
Од вторник следната недела се очекува временските услови да се вратат на нормалните вредности за овој период од годината.
Источниот брег на САД, пак, го зафати снежна бура која однесе осум животи. на места се очекува снежна поктивка од над 90 сантиметри. Училиштата не работат, а во многу места, меѓу кои и главниот град Вашингтон прогласена е вонредна состојба. Властите апелираа до локалното население без итна потреба да не ги напушта домовите. Њу Џерси и Њујорк се подготвуваат за плимен бран од 2,4 метри и можни поплави, а во некои области упатени се повици за евакуација
OhridNews