Во експлозијата на автомобил бомба во центарот на Истанбул што се случи утрово убиени се најмалку единаесет лица, а ранети се на најмалку 36 од кои тројца се во критична состојба, известија официјални извори.
Како што информираат медиумите, во моментот кога наишол автобус со полицајци, далечински бил активиран експлозив поставен во паркирано возило. Од единаесетте загинати, седум се полицајци, објави гувернерот на Истанбул, Васип Шахин.
„Денеска околу 8,40 часот извршен напад врз припадниците на специјалната полиција во квартот Везнеџилер со употреба на автомобил бомба. Загинаа четворица цивили и седум полицајци, 36 лица се ранети, од кои тројца се наоѓаат критична состојба“, изјави Шахин. Додаде дека инцидентот официјално се истражува како терористички чин.
Засега ниедна од познатите терористички групи не ја презема одговорноста за овој напад.
OhridNews
извор Макфакс