Во рамките на операцијата “ќелија” уапсени се 9 лица осомничени за организирање и врбување на припадници за паравоените формации на блискиот исток додека 27 се недостапни, соопшти на прес конференција, Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков. Сите уапсени и осомничени се македонски државјани и од различна националност, додаде Чавков.
Собирањето на доказите започнало во септември 2014 и траела до јули годинава. Утринава била изведена антитерористичката акција во која се извршени 28 претреси во Тутунсез џамијата во Скопје, во интернет кафето “Фаст нет” и во просториите на 2 невладини организации. Покрај Скопје, полицијата извршила претреси и во Скопје, Гостивар, Струга, Тетово и Куманово. Министерот Чавков нагласи дека 20-тина од осомничените најверојатно се наоѓаат на боиштата во Сирија и дека во акцијата е уапсен и имам од Скопје
– Според она што е обезбедено како доказ, имамот го сметаме за еден од идеолозите за организирање и врбување на поединци да заминат во паравоени организации во кризните земји, вели Чавков.
На прашањето дали има сознанија дека повратниците од Сирија планирале напади во Македонија, тој рече дека можни се такви ризици и дека токму затоа била отпочната операцијата “ќелија” за сузбивање на активностите на групата.
Според информациите на МВР, околу 130 државјани на Македонија досега биле или се уште се наоѓаат на фронтовите во Сирија и Ирак.
OhridNews
извор Телма