На сцената на охридскиот Народен театар, на 10-ти ноември, четврток, повторно ќе биде изведена театарската импровизација „Импровокација“. Играат актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски.

Целта на „Импровокација“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика, независно од возраста. 

Почеток на претставата е во 20 часот. Билетите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба по цена од 150 денари, а на денот на изведба по цена од 200 денари. Препорачана возраст е +15.

OhridNews