Сомнителниот предмет пронајден во авионoт на „Аir France“ на летот од Маурициус до Париз, поради што воздухопловот принудно слета во Кенија, сепак не бил експлозивна направа, како што претходно беше соопштено. Во авионот имало 473 патници и членови на екипажот, а сомнителната направа била пронајдена во тоалетот за време на летот од страна на патник, кој веднаш ја известил посадата, по што авионот го прекинал летот кон Париз.

-Од информациите со кои располагаме во овој момент, се работи за предмет кој не можел да експлодира или да го оштети воздухопловот, туку се работи за мешавина од картон, хартија и тајмер. – соопшти попладнево компанијата.

Кениските власти претходно привеле неколку лица на распит за случајот, а останатите патници се пренесени во блиските хотели. Безбедносните сили поставија кордон на дел од аеродромот во Момбаса, а сите летови времено беа одложени или откажани.

OhridNews