На денес објавената таканаречена „ 31- ва бомба“ на СДСМ, лидерот на партијата Зоран Заев објави, како што рече, сет од прислушувани разговори во кои министерот за здравство Никола Тодоров и се жали на Гордана Јанкуловска и бара помош за да ја спасат ситуацијата за тендер кој бил распишан во Министерството за здравство, а се однесува на реконструкцијата на охридската Општа болница. Тодоров вели дека на тендерот се набивани цени, изведувачите не правеле надзор на фактури, што имало тоа е исплаќано од сметката на Министерството.
Тодоров објаснува дека во болницата во Охрид излегле непредвидени работи, дека се било промашена работа, почнувајќи од процедурата до изведбата, во документацијата и работата на терен.
3. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров
ГЈ: Да
НТ: Горде, Нино е што праиш?
ГЈ: Добро бе Нино си работам…ти шо праиш?
НТ: И ја шо да ти кажам ххаха..
ГЈ: Шо да праам у петок навечер
НТ: Да бе да нема да шетаме сеа глупости…
ГЈ: Да де да ее хах коа си иаме канцеларија…
НТ: Да бе да, слушај знаеш за шо те барам
ГЈ: Кажи
НТ: Многу сериозна работа ми е тука со проектов за реконструкција, она што го спомнав на Влада…
ГЈ: Мхм..
НТ: Тоа е овака и не е најтешкото, тоа ми се гледа мене као најлесно што го кажав тогаш, тука ситуацијата е многу покомлицирана , значи има анекси што се праени и се набивани цени на пример сијалица од 20 илјади денари стаена е 70 илјади денари и плус наместо 10 стаени се 20 или 30 и количина и цена е зголемена…
ГЈ: Да бе да…
НТ: Шо да ти кажам, страшно.. плус договарани се со овие како се викаат изведувачите и надзорот, не праеле надзор на фактурите, не праеле проверка на времени ситуации, ништо што доставиле,тоа исплатиле тука кај нас и тоа е сеа ја пуштив ревизија све и овие моиве гледаат дека прво се платени работи што не се уште изведени..
ГЈ: Не се завршени фактички…
НТ: Не се изведени, нема а јас сум платил ти текнува…
ГЈ: Да де да ти немаш ни времена ситуација ни ништо..
НТ: Мислам јас сум платил, јас не сум платил времена ситуација уште ниту една… платило министерствово сеа ја…
ГЈ: Добро де не е битно сеа дали си бил ти министер или некој друг…
НТ: Да…
ГЈ: Тие се парите, купот е истиот…
НТ: Е така истиот е ама не е истиот знаеш хахах е тоа е поентата сеа имам ситуација во Охрид многу сериозна, веројатно и гледаш по телевизии…
ГЈ: Да, да, да па јас мислев за тоа ќе збориш некни…
НТ: Објектот е напраен руина и сега мислам дека ќе, објектот ќе не може да се санира…до таму е доведена ситуацијата, јас излеа ќе треба да го срушам…сеа зборев со ИЗИС, ИЗИС беа на лице место у понеделник ќе идат пак и ќе ми дадат дефинитивно дали треба да се руши или може да се санира по се изгледа дека ќе треба да се руши а јас таму имам 400 илјади евра платено за да дојдам до оваа ситуација…
ГЈ: Лелеее…
НТ: Тие 400..мислам пак коа ти зборам ја зборам министерство…
ГЈ: Да де да…те разбирам..
НТ: Да и тоа ти е 400 илјади евра во…
ГЈ: …во бунар
НТ: Во бунар а ти знаеш тие за 100 илјади евра два саати на Влада расправаат
ГЈ: Ние не за 100 илјади евра за 100 илјади денари очи си вадиме…
НТ: Е тоа е поентата и сеа имам сериозна ситуација и ми треба од кај тебе да ми даеш еден тим, ја веќе имам тука прилично луѓе коишто можат да им помогнат од аспект на тоа што е, од стручен аспект, што е најдено значи…да им даеме документација да си се тера цела работа…
ГЈ: Е па ај вака ќе напраиме, ја да ти кажам ми текна, ги глчеам белешкиве шо ми се од Влада…
НТ: Мхм…
ГЈ: Ама ај викам некако тогаш и така беше дискусијата демек ај…
НТ: Не бе тогаш тоа го кажав за да ја извадам работата…немаше да го кажам
ГЈ: … напрај ај ваму напрај, викам ај да не дигам тензија пошо знам овие како реагираат си премолчив викам па се запнеме ќе пуштам луѓе и таму и ваму ама да ти кажам иницијално не мислев да пуштам ама шом е ваква работава…
НТ: Многу сериозна
ГЈ: Ај понеделнички, дека сеа заминати си се…ќе ги организирам моите и ќе ти кажам да речеме да видам ако е Драги Златанов ќе ти се јавам Нино Драги доаѓа он е главен нормално зависно од тоа шо ќе најдат и други луѓе ќе си уклучат. Драги ми е иначе началник на економски во СВР Скопје, само најверојатно ваму како што кажувашнема само на Скопје да се ограничи ама не е битно…
4. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров
ГЈ: Ало
НТ: Се исклучи нешто бе…
ГЈ: Нешто се исклучи… значи идејата ми е некој да види и после ќе напраиме екипа ќе си го работи предметот
НТ: Пошто овдека ќе има сеа на пример тие сеа во Охрид се бунат 8 месеци застој ќе има, не 8 2 ипол години ќе биде застојот ако ја срушиме а мора да ја срушиме пошто болница е не можеш ти..да ти падне…
ГЈ: Да бе да… ако си открил такви аномалии не можеш да се праиш дека не знаеш
НТ: И тоа не ја ИЗИС а поврвна институција од ИЗИС нема
ГЈ: …ИЗИС нешто ако се деси ќе рече јас му кажав, не превзеде ништо
НТ: Така е…
ГЈ: Нишо понеделнички јас ќе ги организирам моиве и ќе договориме…
НТ: Организирај ги и само пушти ми порака…
ГЈ: Ќе се издоговориме да и после ќе видиме зависно од тоа колку документи шо документи има ќе ја тераме работава…
НТ: Зашо тука има дело како да ти кажам и од аспект на процедура и од аспект на терен реални оние забрљотини што ги праеле намерно на пример шо ти кажувам изведена работа уствари не е изведена…
ГЈ: Да де да
НТ: Значи има и во документацијата проблем ама имаме и реално на терен проблем, значи требаат два типа на истрага…
ГЈ: Е па затоа викам, нашиве ќе видат што е па после ќе процениме кои све луѓе да се вклучат…
НТ: Е така, оокеј Горде па се слушаме
ГЈ: Важи Нино ајде поздрав чао
На денешната прес конференција Заев објави снимки, како што рече, кои покажуваат како функционирала коалицијата меѓу ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ во делот на меѓусебната заштита и покривање на незаконското однесување, како се испумпувале пари во приватни компании кои потоа завршувале во ВМРО ДПМНЕ и вистината за тоа кој стои зад купувањето од страна на МВР на нов автомобил Мерцедес вреден речиси 600 илјади евра.
OhridNews