Пред нас е уште  еден викенд исполнет со забава и културни настани.

Во „Мезе бар 10“, сабота 25-ти март, вечер на староградска музика. Во најурбаното мезачко катче во Охрид уживајте во најголемиот избор на мезиња, вина и ракии и музиката на Ансамбл „Билјана јуниор”.

Почеток на забавата 21.00.

Оваа сабота, 25.03., забава во клуб „Еспана“ со Ирена Велјовска и „Бумбари бенд“

Почеток 22 часот.

Во сабота – 25 март на репертоарот на Народен Театар Охрид е претставата „ИМПРОВОКАЦИЈА“. Ова е четврта “епизода” од втората сезона на мега-забавниот продукт на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Жура.

Картите по претпродажна цена од 150 денари можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ, а истите на денот на претставата (сабота) ќе чинат 200 денари. Бројот на влезници е ограничен, а претставата започнува во 20.00 часот.

Сабота, 25.03. во “Cuba libre” настапува “Тhe Evergrееn trio”.

Почеток 22.00.

За забавните и културните настани во Охрид редовно информирајте се во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најпосетуваниот портал во регионо „OhridNews“.

 

OhridNews