Шеталиштата и плоштадите во Охрид денеска останаа празни, а градот го параа сирените на охридската бродска флота, која за последен пат го поздрави својот градоначалник. Проф. д-р Јован Стојаноски, кој ненадејно почина во саботата, попладнево беше погребан на градските гробишта во Охрид. Имаше само 48 години. Зад себе остави сопруга и две деца.
OhridNews