Авион од типот Ербас А320 на нискотарифната компанија „Germanwings“, сопственост на „Lufthansa“, се урнал денеска на Алпите во реонот на јужна Франција. Авионот летал на релацијата од Барселона до Диселдорф. Околу 10 часот по средноевропско време авионот изчезнал од радарите.
На летот првично беше соопштено дека имало 146 патници и шестмина членови на екипаж. Но француската контрола на летање информираше дека во авионот имало вкупно 150 лица, додека од Германија стигнуваат информации за 154. Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека веројатно нема преживеани.
Најголемиот број од жртвите се државјани на Германија и Шпанија.
OhridNews