Граѓаните на Македонија генерално го почитуваат полицискиот час, изјави пред малку на пресконференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Тој информираше дека полициските службеници од слобода лишиле 18 лица во Тетово и Гостивар, Радовиш, Штип и Кочани кои ја прекршиле забраната за движење и на предупредувањето на полицијата се однесувале дрско и се спротиставилe, по што се приведени. Против прекршителите ќе бидат поднесени соодветни пријави. Чулев појасни дека синоќа полицијата делувала превентивно со опомени, освен во посочените случаи.
Во моментов полицијата контролира 618 лица со решенија за изолација и 7307 лица со изјави за самоизолација, а во таа насока вкупно до сега има поднесено 77 кривични пријави. – истакна министерот Чулев.
Министерот Чулев рече дека Главниот кризен штаб денеска донел дополнителни рестриктивни мерки кои ќе бидат дискутирани на попладневната седница на Владата.
Прес на министерот Наќе Чулев 23.03.2020
Geplaatst door Министерство за внатрешни работи op Maandag 23 maart 2020