Околу четириесет велосипедисти во организација на „Екодром“ петта година по ред во чест на денот на Охридското Езеро и денот кога календарски пристугнува летото го обиколуваат езерото.
Маршутата им започна од градскиот плоштад со ведра насмевка и добро расположение. Охридските велосипедисти се едни од најактивните спортисти во градот организирајќи повеќе вакви манифестација пред се за забава и дружење.
Во иднина велосипедистите сакаат што повеќе рекреативци да се приклучат на ваквите потфати кои ги организира велосипедскиот клуб „Екодром“ од Охрид.
Мх.П.