25.3/10.40 Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторатво текот на изминатите 24 часа,  извршиле 152 контроли во угостителски и други објекти при што само во еден случај, угостителски објект во охридскиот крај, било евидентирано непочитување на мерките на владата. Објектот е затворен, информира МВР.

Од Пазарниот инспекторат Охрид, пак, ја допрецизираат информацијата на МВР, појаснувајќи дека всушност се работи за угостителски објект во околината на Охрид, односно на потегот Подмоље – Струга. Додаваат дека нивни службеници постојано се на терен и го контролираат однесувањето на деловните субјекти во Охридскиот регион, во согласност со вонредните мерки на Владата.

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.03) во врска со забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот, на целата територија на земјава, евидентирано е дека забраната не ја почитувале 133 лица, најмногу во Скопје (44), при што биле приведени 26 лица, против 33 лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, за тројца – прекршочни пријави, додека пак 71 лице се опоменати, информира МВР.

Севкупно во периодот од 26.02. до денес 24.03 издадени се 1.105 решенија за изолација, соопшти полицијата.

OhridNews