Американскиот новинар Брент Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин.

Неговата смрт ја потврди шефот на регионалната полиција.

Првично беше соопштено дека Рено бил новинар на Њујорк тајмс, но познатиот медиум подоцна издаде соопштение во коое се наведува дека трагично загинатиопт новинар не пишувал за нив од 2015 година, и користел стара легитимација. Не се знае точно за кого работел Рено.

Во нападот повреден е уште еден новинар, кој бил заедно со Рено, и е хоспитализиран.

 

OhridNews