Машката кошаркарска репрезентација на Македонија убедливо ја совлада Данска со 80: 46 (41:29 ) во 5то коло од квалификациите за пласман на ЕП, што вечерва се одигра во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Претходно денеска, Белгија забележа гостинска победа над Белорусија, па за првото место во групата ќе одлучува кош разликата која засега е во корист на белгијците. Без оглед на тоа Македонија ќе игра на Европското првенство догодина. Визата македонските кошаркари формално ќе треба да ја заверат на натпреварот против Белорусија дома на 27ми август.
OhridNews