Три лица ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска во 18.20 часот на магистралниот пат Кичево – Скопје, кај селото Колари. Две од починатите лица се малолетни. Идентитетот на жртвите и нивната возраст официјално не се соопштуваат.

Во незгодата во која учествувале патничко возило „Волво“ со кичевски регистарски таблички и пикап со струшки регистрации тешко повредени се уште три лица.  

Едното од нив е пренесено во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, а две поради сериозноста на повредите се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

На местото на настанот увид изврши Јавен обвинител, а истрагата треба да ги утврди причините за трагедијата. 

Во текот на увидот сообраќајот не бил запрен, а возилата се пропуштале наизменично од двете страни на магистралата.

Повеќе детали за страотната несреќа, полицијата најави во текот на утрешниот ден.

OhridNews